• понеделник, 23 декември 2024

Вкупно 327 бугарски државјани во Северна Македонија гласаа на вчерашните предвремени избори

Вкупно 327 бугарски државјани во Северна Македонија гласаа на вчерашните предвремени избори

Софија, 28 октомври 2024 (МИА) - Кандидатите на ГЕРБ-СДС на Бојко Борисов добија најголем број гласови од бугарските граѓани што гласаа во Северна Македонија на вчерашните избори – вкупно 109 гласа, јави БТА.

Втора е коалицијата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) со 53 гласа, додека проруската „Преродба“ е на третото место со 48 гласа. Останатите гласови се распределени помеѓу „Има таков народ“ (24 гласа), ДПС – Нов почеток (7 гласа), БСП (8 гласа), Алијанс за права и слободи (5 гласа) и МЕЧ (3 гласа). Овие податоци се објавени на веб-страницата на Централната изборна комисија на Бугарија (ЦИК).

Бугарските државјани во Северна Македонија имаа можност да гласаат на пет локации: во Амбасадата на Бугарија во Скопје, Генералниот конзулат во Битола и во избирачките места во Охрид, Прилеп и Струмица.

Со вкупно 327 гласови, ова е најнискиот број излезност во последните три години. За споредба, на изборите во јуни оваа година гласаа 340 бугарски граѓани, во април 2023 година 453, а на изборите во октомври 2022 година 461 глас. ссм/

фото: БТА

 

Остани поврзан