• вторник, 24 декември 2024

Вкупните здравствени трошоци во 2022 пониски за 1,4 отсто во однос на 2021 година

Вкупните здравствени трошоци во 2022 пониски за 1,4 отсто во однос на 2021 година

Скопје, 29 мај 2024 (МИА) - Вкупните тековни трошоци за здравството во 2022 година изнесуваат 60.567 милиони денари и бележат опаѓање од 1,4  отсто во однос на 2021 година, кога изнесувале 61.408 милиони денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо опаѓање во однос на претходната година од 44,9 отсто има кај превентивна здравствена заштита, кај даватели на помошни (дополнителни) услуги намалувањето е 41,1 отсто, а кај  приватни трошоци на домаќинствата има намалување од 5 отсто..

Најголемо учество во вкупните тековни трошоци за здравството имаат трошоците за лекување од 54,8 отсто по што следат болници со 38,3 и владини (буџетски) механизми и задолжително здравствено осигурување со 57 отсто. вј/бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан