• понеделник, 23 декември 2024

„Вијести“: Силни полициски сили го обезбедуваат црногорскиот Парламент, повторно протест на „патриотските сили“

„Вијести“: Силни полициски сили го обезбедуваат црногорскиот Парламент, повторно протест на „патриотските сили“
Подгорица, 28 декември 2020 (МИА) - По повод протестот на таканаречените „патриотски сили“ вечерва црногорската полиција презеде засилени активности на обезбедување на парламентот и овозможување на институциите на системот непречено да ја извршуваат својата работа, пишува „Вијести“. Покрај тоа, полицијата презеде засилени активности за одржување на стабилен јавен ред и мир, пишува подгоричкиот весник, повикувајќи се на неофицијални извори. Пред зградата на Парламентот на Црна Гора попладнево повторно се собраа членови на таканаречените „патриотски сили“, односно приврзаници на претходната власт на Демократската партија на социјалистите на претседателот Мило Ѓукановиќ, кои протестираат против предложените измени на спорниот Закон за слобода на вероисповедта. Откако се разотидоа од платото пред Собранието околу 14,15 часот, тие во помал дел повторно се собраа околу 17 часот. Црногорскиот Парламент денеска расправа за измени на спорниот Закон за слобода на вероисповедта, што Српската православна црква го оцени како удар врз нејзиниот имот. Тоа, пак, доведе до протести и судски спорови низ целата земја и пораз на ДПС на изборите и заминување во опозиција по 30 години минати во власта. сд/

Остани поврзан