• понеделник, 23 декември 2024

Вицепремиерот Фетаи на средба со шефот на СПАК, Аљтин Думани

Вицепремиерот Фетаи на средба со шефот на СПАК, Аљтин Думани

Скопје, 15 ноември 2024 (МИА) - Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за политиките на добро владеење, Арбен Фетаи денеска во Специјална структура против корупција и организиран криминал (СПАК) на Албанија, остварил официјална средба со нејзиниот раководител, Аљтин Думани.

На средбата, како што информираат од неговиот Кабинет, Фетаи го запознал Думани за мисијата и приоритетите на неговиот мандат, со посебен осврт на политиките и координацијата во борбата против корупцијата. Тој ја истакнал важноста од градење стабилни и независни институции како основа за унапредување на доброто владеење.

Како што наведуваат во соопштението, Думани ја претставил историјата и структурата на СПАК, споделувајќи искуства од патувањето на оваа институција како и предизвиците и успесите во борбата против корупцијата и организираниот криминал на високо ниво. Тој подвлекол дека целосната независност на СПАК од политиката и извршните институции, како и добро консолидираниот буџет се главните столбови на успехот на оваа институција.

-Како резултат на тоа, довербата на граѓаните во СПАК достигна ниво од 70%. Дискусиите се фокусираа и на можностите за размена на искуства со правосудните институции во Северна Македонија, имајќи ги предвид реформите што се преземаат во овој сектор. Позитивните искуства на СПАК, кој ужива висок углед во Албанија и во регионот, беа оценети како важен пример што треба да се следи. Оваа средба означува важен чекор кон зајакнување на билатералната соработка во борбата против корупцијата и унапредување на владеењето на правото во двете земји, се посочува во соопштението од Кабинетот на Фетаи.фф/вг/

Фото: Кабинет на Арбен Фетаи

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан