„Вистински разговор: Ромска младина“ во Куманово
- Идентитетот, традицијата и културата се од огромно значење за припадниците на ромската етничка заедница, кои имаат за цел промовирање на поголема видливост, инклузија и единство.
Куманово, 7 април 2026 (МИА) - По повод Меѓународниот ден на Ромите, денеска во кружната сала на зграда на поранешни општествено – политички организации се одржа настанот „Вистински разговор: Ромска младина“. Настанот е во организација на „Europe House” во соработка со Општина Куманово и Регионалната ромска образовна младинска асоцијација „RROMA” – Кратово, информираа денеска од општина Куманово.
На настанот присуствуваа градоначалникот на Општината Максим Димитриевски и заменик амбасадорот на ЕУ Бен Нупнау, кои во своите обраќања го истакнаа значењето на идентитетот, традицијата и културата на припадниците на ромската етничка заедница, со цел промовирање на поголема видливост, инклузија и единство.

-Учествуваа средношколци од Куманово и младински работници од Североисточниот плански регион, преку директно вклучување во дискусии за различноста, еднаквоста и активното учество во општеството. Се одржа панел дискусија, во рамките на која студенти и активисти споделија искуства и перспективи, презентирајќи автентичен увид во реалноста и аспирациите на денешната ромска младина- наведуваат од општината.

На интерактивната сесија „Ѕид на пораки“ присутните имаа можност да споделат пораки и идеи, што промовираат почит, инклузија и социјална кохезија. ам/са/
Фото: Општина Куманово