• сабота, 16 ноември 2024

Висок американски функционер оди на Блискиот исток во обид за запирање на ширењето на конфликтот

Висок американски функционер оди на Блискиот исток во обид за запирање на ширењето на конфликтот

Вашингтон, 25 октомври 2023 (МИА) - Висок американски дипломат   се враќа на Блискиот Исток во најнов обид да се запре ширењето на конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Барбара Лиф, главна претставничка на САД за Блискиот Исток, се врати во регионот откако го придружуваше државниот секретар Ентони Блинкен на кризна турнеја.

Нејзината посета на регионот почна во Обединетите Арапски Емирати, и ќе ги посети и Катар, Оман, Египет, Јордан и Израел, со можни други состаноци во регионот, соопшти Стејт департментот.

Лиф „ќе се консултира со регионалните партнери и ќе ги унапреди напорите да се спречи ширењето на конфликтот на Блискиот Исток“, се вели во соопштението на Стејт департментот. зш/

Остани поврзан