• понеделник, 23 декември 2024

Висар Ганиу ја пречека Садије Дура, првата државна шампионка во борење од Чаир

Висар Ганиу ја пречека Садије Дура, првата државна шампионка во борење од Чаир
Скопје, 22 март 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу денеска беше домаќин на младата спортистка од Чаир Садије Дура, која пред неколку дена беше прогласена за прва жена шампион во Северна Македонија во борење, како дел од Боречкиот клуб „Лирија“. - Ова е историска победа не само за Садије која има 12 години, за БК „Лирија“, туку и за цел Чаир и пошироко. И оваа победа докажува дека нашата општина е родно место на многу златни спортисти, изјави Ганиу. Како што соопшти Општина Чаир, на средбата со спортистката и нејзиниот тренер Седат Бафтиу, Ганиу ја пренесе пораката дека со труд и посветеност секогаш може да се постигнат врвовите на успехот, додека потсети дека со гордост Општина Чаир продолжува силно да го поддржува спортот и спортистите. Боречкиот клуб „Лирија“ во недела го освои пехарот на државниот шампион на Северна Македонија, во сите категории за најмладите возрасни групи. мс/ац/

Остани поврзан