Винскиот музеј од Кавадарци ќе го одбележи „Свети Трифун“
- Со уметност, музика и дегустација на вино, Винскиот музеј од Кавадарци денеска ќе го одбележи верскиот празник „Свети Трифун“, што се смета за заштитник на лозарите и винарите.
Кавадарци, 14 февруари 2023 (МИА) - Со уметност, музика и дегустација на вино, Винскиот музеј од Кавадарци денеска ќе го одбележи верскиот празник „Свети Трифун“, што се смета за заштитник на лозарите и винарите.
Директорката на Музејот, Весела Честоева, информира дека ќе бидат доделени и награди за најдобри вина и ракија, натпреварување што го организира Здружението „Винотек" во соработка со Музејот.
На програмата се и театарска претстава, поетско читање и ликовна изложба на Лазар Дојчинов, а ќе биде промовирана и веб страница на музејот. Најавен е и музички хепенинг со „Акустико бенд".
Настанот се организира под покровителство на градоначалникот и Советот на Општината Кавадарци. свд/сп/