Винотека со вина од семејни винарници отворена во Неготино
- Винотека со вина од семејни винарници беше отворена вечерва во Желкова куќа во Неготино, проект на локалната самоуправа и неготинските фамилијарни винарници.

Неготино, 15 јуни 2022 (МИА) - Винотека со вина од семејни винарници беше отворена вечерва во Желкова куќа во Неготино, проект на локалната самоуправа и неготинските фамилијарни винарници.
- Обезбедивме и патокази што го означуваат патот до секоја од семејните винарски визби во општината, поставивме и вински билборд на влезот во градот. Целта е развој на винскиот туризам. Се надеваме дека ќе привлечеме повеќе вински туристи, рече неготинскиот градоначалник Горан Стојанов, посакувајќи им голем успех на производителите на вино.

Од името на малите семејни винарници, благодарност за реализираниот проект, до општината, искажа Ѓорѓи Томов, од винарница „Томов“. Тој изрази надеж за уште многу други заеднички проекти. свд/сст/