• среда, 12 февруари 2025

Винисиус е блиску до купување на португалски клуб

Винисиус е блиску до купување на португалски клуб

Алверка, 12 јануари 2025 (МИА) -  Винисиус Жуниор е во преговори за купување на португалскиот клуб Алверка, пренесуваат португалските медиуми.

Клубот моментално се наоѓа на осмата позиција во Втората дивизија на португалскиот фудбал - Лига де Хонра.

„Мајсфутебол“ тврди дека преговорите меѓу Винисиус и клубот веќе се во тек, дури и информациите велат дека тие би можеле да бидат склучени за околу 10 милиони евра.

Доколку тоа се случи, Винисиус ќе им се придружи на Дејвид Бекам, Златан Ибрахимовиќ и Килијан Мбапе, кои исто така поседуваат клубови. дс

Фото: Архива

Остани поврзан