• понеделник, 23 декември 2024

Винариите да склучуваат договори за откуп на грозје, бараат „Тиквешки лозароовоштари"

Винариите да склучуваат договори за откуп на грозје, бараат „Тиквешки  лозароовоштари

Кавадарци, 8 јули 2024 (МИА) - Винариите навремено да склучуваат договори за откуп на грозје, бараат од регионалното здружение „Тиквешки  лозароовоштари". Претседателот на здружението, Дане Јошев во изјава за МИА, рече дека според нивните пресметки, грозјето од годинешнава реколта треба да ја има цената од 30 денари за килограм „вранец" и 25 денари за „смедеревка". 

- Доколку винарниците навреме склучуваат договори со нас лозаропроизводителите, ние ќе знаеме уште на стартот на лозарската сезона, дали да ги обработуваме лозјата или да ги оставиме. Во таквите обврзувачки договори винарите да се обврзат околу количината што планираат да ја откупат, шеќерноста на гроздовите зрна и цена по килограм грозје. Ние лозаропроизводителите, согласно на договорите, да сме обврзани да однесеме квалитетно грозје, појасни Јошев. 

Тој нагласи дека засега, само некои винарии склучуваат такви договори за откуп со лозари. 

- Некои од нив пристапуваат кон склучување на договор со производители на грозје, обврзувајќи ги токму од нив да обезбедат заштитни средства или пестициди за заштита на лозовите насади. Ние инсистираме на тоа конечно да пристапиме кон регулирани меѓусебни односи лозар - винар. Доколку е потребно, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да биде еден вид медијатор помеѓу нас, посочи Јошев. 

Тој потсети, дека, дури и да се дојде до договор помеѓу двете страни, за време на откупот на грозјето, надлежните инспекциски органи да бидат постојано на терен, да контролираат дали договорените работи докрај се почитуваат во праксата. свд/сст/


Фото : МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан