• среда, 25 декември 2024

Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок

Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок
Лос Анџелес, 28 март 2022 (МИА) - Комичарот Крис Рок, кој беше еден од доделувачите на годинашните „Оскари“, со својот хумор ја навреди глумицата Џејда Пинкет-Смит и нејзиниот сопруг Вил Смит. Тој пак, веднаш потоа отиде до сцената и му удри шлаканица на својот колега. - Не ја спомнувај жена ми со твојата еб**а уста!, извика Смит. https://twitter.com/i/status/1508273120473325573 Шегата на Рок за „Џи Ај Џејн“ се однесуваше на доста кусата коса на Џејда. Западните  медиуми потсетуваат дека таа и претходно говорела за своите проблеми со алопеција. Доделувачот го прогласи документарецот на годината. Вил Смит пак, кусо потоа го доби одличјето за најдобар глумец за улогата во „Кралот Ричард“, па во говорот, со солзи, сепак говореше за љубовта меѓу луѓето - особено меѓу својот народ. Тој притоа напомна и дека по своевидниот скандал, глумецот Дензел Вашингтон го повикал и го потсетил да се смири, оти „во најважните мигови ѓаволот доаѓа по своето“, како што му рекол дека обично бидува. Брачната двојка Смит подолго време е во незавидни односи со Крис Рок.  си/сд/

Остани поврзан