• сабота, 23 ноември 2024

Вил Смит заслужува трета номинација за „Оскар“, според првите критики

Вил Смит заслужува трета номинација за „Оскар“, според првите критики
Лос Анџелес, 30 септември 2021 (МИА) - За улогата во новиот филм „Кралот Ричард“ (King Richard), инаку биографска приказна за строгиот татко на американските тенисерки Венус и Серена Вилијамс, глумецот Вил Смит ги собра сите пофалби. Многумина сега на актерот му предвидуваат и трета номинација за „Оскар“ за главна улога. Тој беше номиниран за највредното филмско одличје и во 2002 година, за улогата на Мухамед Али во филмот „Али“ и во 2007. за „Потрага по среќата“. По прикажувањето на три меѓународни фестивали, филмот „Кралот Ричард“ има оценка 6,4 / 10, на ИМДБ. Кинопремиерите ширум светот се закажани за 18. и 19 ноември.  си/паг/

Остани поврзан