• понеделник, 23 декември 2024

Вилијан го засили средниот ред на Олимпијакос: Искусниот Бразилец пристигна во Атина

Вилијан го засили средниот ред на Олимпијакос: Искусниот Бразилец пристигна во Атина

Атина, 3 септември 2024 (МИА) - Бразилецот Вилијан е нов играч на Олимпијакос чиј дрес го носеше како слободен играч. Фулам му понуди обнова на соработката, но тој не подлегна на убедувањето на тренерот Марко Силва и раководството и избра кариерата да ја продолжи во Грција.

Новото крило на клубот од Пиреа порасна во Коринтијанс, каде што дебитираше на сениорската сцена. После тоа тој помина дури шест години во Шахтјор од Доњецк, а во неговата професионална биографија има и кратка епизода во Анжи од Махачкала.

Предизвиците на англискиот клупски фудбал ги почувствува најпрво во Челси, каде што се наметна колку што беше можно повеќе и остана до 2020 година. Тој се обиде и во Арсенал, пред накратко да се врати во татковината.

На „Крејвен Котиџ“ остана две години, а со истекот на договорот летово почна да бара нова средина. И така пристигна во редовите на грчкиот великан. Минатата сезона одигра 31 натпревар и постигна четири гола, а триесет и шестгодишниот халф се прости од настапот за бразилската репрезентација во 2019 година. дс

Фото: Х/Олимпијакос

Остани поврзан