• сабота, 27 јули 2024

Викремесинге: Целосно е пропадната економијата на Шри Ланка

Викремесинге: Целосно е пропадната економијата на Шри Ланка
Коломбо, 22 јуни 2022 (МИА)  - Премиерот на Шри Ланка, Ранил Викремесинге денеска изјави дека националната економија е „целосно пропадна“ поради недостиг од храна, гориво и електрична енергија. - Шри Ланка не е во можност да плати увезено гориво, дури и во готово, поради големите долгови на државните нафтени корпорации. Нашата економија целосно пропадна, истакна Викремесинге. Шри Ланка се соочува од сериозен недостиг на основни продукти, од храна, гориво, лекови и гас до тоалетна хартија и кибрити. Економската криза во Шри Ланка предизвика политички немири и демонстрации во кои загинаа девет лица. ми/

Остани поврзан