Викендов се одржаа 5 турнири во Берово за младите пинг-понгари од Македонија
- На турнирот Топ 8 во категорија У19 во пинг-понг, првoто место го освои Лука Стојчев од ППК Младост и со тоа е на врвот на ранг листата во Македонија.
Скопје, 20 мај 2024 (МИА) - На турнирот Топ 8 во категорија У19 во пинг-понг, првoто место го освои Лука Стојчев од ППК Младост и со тоа е на врвот на ранг листата во Македонија.
Кај девојките првото место го освои Матеја Смолиќ од ППК Рисови меѓутоа сепак не успеа да биде на врвот на ранг листата. Првото место на ранг листата го држи Софија Хасану од ППК Младост која беше втора на Топ 8 турнирот.
Во категорија У13 се одрига турнирот Телеком Мастерс 2 и Топ 8 каде што кај машките и двата турнира ги освои Мартин Ристески од ППК Младост 96, додека кај девојките Мастерсот го освои Благица Печина од ППК Зегин Берово, а на Топ 8 убедлива беше Бојана Јовевска од ППК Зегин Берово. Мартин и Бојана се на врвот на ранг листата во своите категории.
Последниот турнир што се одржа беше Телеком Мастерсот 2 во категорија У15 каде што кај машките прв беше Кристијан Каламадевски од ППК Зегин Берово, а кај женските прва беше Матеја Смолиќ од ППК Рисови. дс
Фото: ППФСМ