• сабота, 23 ноември 2024

На подрачјето на СВР Битола викендов санкционирани 354 возачи, од нив 251 за брзо возење

На подрачјето на СВР Битола викендов санкционирани 354 возачи, од нив 251 за брзо возење

Скопје, 1 април 2024 (МИА) - На територија на СВР Битола за време на изминатиот викенд изречени се вкупно 354 казни, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 251 санкции.

Како што соопшти денеска МВР, 13 мерки се изречени за возење под дејство на алкохол, 43 мерки за непрописно паркирање, 10 мерки за зборување на мобилен телефон...

МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. дма/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан