• среда, 25 декември 2024

Виетнам до крајот на годината ќе произведе сопствена вакцина против Ковид-19

Виетнам до крајот на годината ќе произведе сопствена вакцина против Ковид-19
Ханој, 17 март 2021 (МИА) - Виетнам до крајот на година планира да произведе сопствена вакцина против Ковид-19, која ќе почне да се уупотребува во 2022 година, објави виетнамското Министерство за здравство. Во соопштението се истакнува дека запирањето на пандемијата во голем дел зависи од развојот на вакцина. Во развојот и производството на виетнамска вакцина вклучени се четири компании, а две фирми веќе ги тестираат вакцините на луѓе. Во Виетнам од 8 март вакцинирани се 20.000 луѓе со вакцината на АстраЗенека од вкупно 96 милиони жители. За разлика од европските земји, виетнамските власти не планираат да ја стопираат имунизацијата со вакцината на АстраЗенека. ми/

Остани поврзан