• четврток, 07 ноември 2024

Виеира заминува од клупата на Стразбур

Виеира заминува од клупата на Стразбур

Стразбур, 18 јули 2024 (МИА) - Легендарниот капитен на Арсенал, Патрик Виера повеќе не е тренер на Стразбур.

Францускиот клуб соопшти дека Виера поднел оставка од тренерската функција по заедничка согласност.

-Клубото му се заблагодарува на Патрик Виеира за неговата беспрекорна посветеност. Во сезона на транзиција, Патрик им помогна на младите таленти да напредуваат и секогаш покажуваше примерно однесување на теренот и надвор од него, се вели во соопштението од Стразбур.

Поранешниот капитен на лондонските „топџии“ и француската репрезентација минатото лето потпиша тригодишен договор со Стразбур, но постигнатите резултати не ги задоволија апетитите на ниту една страна.

Минатата сезона Стразбур го зазеде само 13. место во Лига 1 во Франција со 10 победи, девет нерешени и 15 порази.

Патрик Виера (48) во својата досегашна тренерска кариера го предводеше развојниот тим на Манчестер Сити, Њујорк Сити, Ница, Кристал Палас и Стразбур. дс

Фото: Архива

Остани поврзан