• среда, 25 декември 2024

Видодо: Индонезија е подготвена да посредува меѓу Украина и Русија

Видодо: Индонезија е подготвена да посредува меѓу Украина и Русија
Џакарта, 29 април 2022 (МИА) - Индонезија е подготвена да ги олесни мировните преговори меѓу Русија и Украина, изјави денеска индонезискиот претседател Џоко Видодо во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин. „Телефонски разменив мислења со рускиот претседател Владимир Путин за ситуацијата во Украина, како и за соработката на Г20. Истакнав дека војната мора веднаш да прекине и да се даде шанса на мировните преговори. Индонезија е подготвена да придонесе за оваа цел“, напиша Видодо на Твитер. Индонезија, актуелниот домаќин на Групата 20 големи светски економии, планира да го организира самитот на Г20 во ноември на Бали. паг/

Остани поврзан