• вторник, 24 декември 2024

Видео арт перформанс на Давор Тоциновски во Велес

Видео арт перформанс на Давор Тоциновски во Велес

Велес, 13 април 2024 (МИА) - Видео арт перформанс на Давор Тоциновски беше претставен во Ликовниот салон во Велес. Проектот е заснован на перформанс медиумот кој се изведуваше на локацијата Ораов дол, кој и самиот е видео документиран.

Промоторот Елица Николова, историчар на уметноста и археолог од Народниот музеј од Велес информира дека документираниот перформанс вклучува уметничко дејство мотивирано и иницирано од темата „Митот за Сизиф“, така што авторот изведува идентични движења кои би биле поврзани со Сизиф, бидејќи тркала импровизиран камен, кој секој пат кога го носи на врвот на ридот.

-Така, ова дејство кое се состои од тркалање на каменот до врвот и неговото паѓање во основата се повторува неколку пати, а самото множење се применува за да се долови идентичното дејство опишано во студијата на Сизиф. Егзистенцијализмот е централна мисла во уметничкото дејствување преку прикажување на главните димензии на апсурдноста и парадоксот на постоењето, појасни Николова.

Авторот Тоциновски рече дека неговите дела најчесто ја менуваат содржината, има примена на ред нови информации, ред нови сознанија, ред нови лични искуства,

- И во техниката не сум статичен така што отприлика сум определен каде се движам, го користам перформансот како ликовен израз, но повторно го надоградувам со дигитални елементи значи користење на новите технологии така што крајниот производ е збир на повеќе изразувања, појасни Тоциновски.

Тој информира дека мотивацијата за ова дело потекнува од историската легенда за војникот на антиката Филипид (Феидипидес). Потсети дека постојат две верзии кои имплицираат на неговото достигнување. 

Давор Тоциновски е млад уметник кој досега има остварено три самостојни излагања и неколку групни изложби. Од  досегашните негови претставувања забележителни се ликовната инсталација "Однапред" иднина, минато во коавторство со Мето Ангеловски, Ликовен проект "Кога детето беше дете, а не знаеше дека е дете" и Ликовен проект "Кружење". Неодамна неговиот проект "Реконструкција на кругот" беше дел големиот Фестивал "Париз­Берлин" на кој учествувале и бројни имиња на познати светски уметници.

Давор Тоциновски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот "Свети Кирил и Методиј" во Скопје во 2001 и се стекнал со звањето дипломиран ликовен педагог со сликарство во класата на професор Рубенс Корубин. ад/свс/

Фото: МИА

Остани поврзан