• понеделник, 23 декември 2024

Видеолотарија Касинос Австрија започна кампања за одговорно играње игри на среќа

Видеолотарија Касинос Австрија започна кампања за одговорно играње игри на среќа

Скопје, 9 април 2024 

Видеолотарија Касинос Австрија започна кампања за едукација на играчите од опасностите кои ги предизвикува прекумерното играње игрина среќа. Нашата цел е зголемување на јавната свест за ризиците од прекумерното играње игри на среќа.

Со цел спречување на негативните последици од прекумерното играње игри на среќа, Видеолотарија Касинос Австрија активираше кампања за одговорно играње. Како општествено одговорна компанија, посветивме сериозно внимание на утврдувањето на стандардите со кои се овозможува реализацијата на одговорно приредување игри на среќа, заедно со политиката на одговорно играње. Целта ни е да го намалиме ризикот за сите играчи, а особено оние кои припаѓаат на ранливи општествени категории. Преку препораки кои ги пренесува нашиот бренд амбасадор Игор Стефановски Иџе, ќе се обидеме да ја влијаеме на поголема свесност за злоупотребата на игрите на среќа. Активирана е и посебна информативна страна igrajodgovorno.mk која ја подготвуваат стручните лица од областа на психологијата и психијатријата со кои имаме соработка.

Само за потсетување, под слоганот „ИГРАЈ ОДГОВОРНО“, во 2019 година го формиравме СОС тимот, прв од ваков вид во нашата земја. Во истиот период активирана е СОС линијата со вклучена телефонска поддршка и деск верзија преку мејл. Зад СОС линија стои екипа од стручни и искусни лица од областа на психологијата. Во текот на 2022 на телефонската линија 072.809 809 се јавиле 126 лица.

Според невропсихијатарката, прим. д-р Павлинка Вескова, соработката со Видеолотарија беше официјализирана во 2019. Таа година беа реализирани едукативни предавање во 5 основни и 7 средни училишта во Скопје. Во 2020 реализирани се предавања на факултетот за Медицина и факултетот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Дополнително беа реализирани и едукативни предавања за родителите/старателите од згрижувачките семејства во СОС детско село. Советувалиштето во рамки на Даре Џамбаз, во 2019 го посетиле 17, а во 2020 од 146 лица. Предавањата беа реализирани и во 2022, додава Васкова. Годинава се планирани едукативни предавања на неколку факултети. Заедно со Видеолотарија отворивме стручни советувалишта во Скопје, Сарај и Куманово, а во текот на годинава, планирани се и нови советувалишта во Радовиш, Гостивар, Битола и Прилеп, сподели Павлина Васкова.

Видеолотарија Касинос Австрија од Европската асоцијација на лотарии, го доби и сертификатот за одговорно приредување на игри на среќа, како компанија која долгорочно е насочена кон одржливо создавање и кофинансирање на спортски, образовни, културни и други програми со цел општествено придонесување, како и едуцирање и заштита на играчите на игрите на среќа. Ние секогаш нагласуваме дека во игрите на среќа, право на учество имаат лица над 18 години, согласно правилата за одговорно приредување игри на среќа.

Видеолотарија Касинос Австрија 

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото Видеолотарија Касинос Австрија 

 

Остани поврзан