• понеделник, 23 декември 2024

Видал осомничен за сексуален напад

Видал осомничен за сексуален напад

Сантијаго, 4 ноември 2024 (МИА) - Чилеанската фудбалска ѕвезда Артуро Видал (37) и неговите соиграчи од Коло Коло се осомничени за сексуален напад врз жена на забава, соопшти државното обвинителство во Сантијаго де Чиле.

Во кусото соопштение, обвинителството објави дека „има пријава за сексуален напад“ насочена кон „играчи на Коло Коло“, меѓу кои и Видал, но „никој не е уапсен“.

Имињата на другите играчи не се објавени, пренесоа светските агенции.

Според извештаите на локалните медиуми, сексуалниот напад се случил во раните утрински часови во понеделникот во ноќен клуб во Сантијаго, каде група играчи на Коло Коло правеле забава.

Како што јави „Радио АДН“, неименуваната 22-годишна девојка тврди дека била дрогирана во бар во областа Витакура во Сантијаго.

Полицаецот Херардо Аравена изјави за новинарите дека 37-годишниот Видал бил донесен во полициска станица за проверка на идентитетот. Тој додаде дека ова е стандардна полициска процедура кога едно лице е осомничено дека сторило или се обидело да изврши кривично дело.

Видал одигра 142 настапи за чилеанската репрезентација и постигна 34 гола, а во кариерата играше за Барселона, Баерн, Интер и Јувентус.

Тој е во Коло Коло од јануари годинава. дс

Фото: Архива

Остани поврзан