Вечерна богослужба и литија во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје
- Во предвечерието на великиот празник Рождество на Пресвета Богородица, денеска со почеток во 17:00 часот, ќе се отслужи Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождес

Скопје, 20 септември 2022 (МИА) - Во предвечерието на великиот празник Рождество на Пресвета Богородица, денеска со почеток во 17:00 часот, ќе се отслужи Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во центарот на Скопје.
Вечерната молитва ќе биде проследена со литија околу централното градско подрачје.
Македонската православна црква - Охридска Архиепископија ги поканува сите верници и граѓани да земат молитвено учество на Вечерната богослужба и на Литијата.
Утре (21 септември) православните верници го одбележуваат Рождеството на Пресвета Богородица. ев/лв/
