• понеделник, 16 јуни 2025

Верстапен не очекува Ред Бул да го стигне Мекларен наскоро

Верстапен не очекува Ред Бул да го стигне Мекларен наскоро

Имола, 16 мај 2025 (МИА) - Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, верува дека е нереално да се очекува Ред Бул брзо да ја намали разликата со Мекларен во текот на сезоната 2025. Макс го даде ова предвидување и покрај очекуваниот ефект од пакетот за надградба на РБ21 наменет за Имола.

Во Мајами, Верстапен заврши 40 секунди зад победникот Оскар Пјастри, откако успеа да ги престигне двајцата возачи на Мекларен во квалификациите и да ја освои пол-позицијата. Макс веќе користи нова верзија на подот на автомобилот во Мајами, а сега Јуки Цунода ја добива истата, плус повеќе подобрувања.

-Очекувам мала промена во перформансите на автомобилот. Веќе поминавме неколку трки со промени на РБ21, па ова е уште еден мал чекор напред. Се надевам дека нашите перформанси ќе се подобрат. Но, не очекувам одеднаш да ја намалиме разликата со Мекларен, објасни Верстапен во Имола. 

Верстапен не очекува и многу промени кога ќе стапи на сила новата техничка директива за флексибилни крила, што ќе стане реалност во Барселона.

-Нема да ни ги даде осумте десетинки од секундата по круг што ги имаше Мекларен во Мајами. Поважно за нас е што сè уште не разбираме целосно како болидот на Мекларен функционира толку добро со задните гуми. Не знам дали некогаш ќе го сфатиме тоа, но потребно е време. А нивната предност нема секогаш да биде толку голема, додаде пилотот на „биковите“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан