• вторник, 24 декември 2024

Верстапен: Во Австрија направивме грешки секаде што беше можно, почнувајќи од стратегијата

Верстапен: Во Австрија направивме грешки секаде што беше можно, почнувајќи од стратегијата

Спилберг, 1 јули 2024 (МИА) – Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен ја наведе причината за неговиот неуспешен настап во Австрија на вчерашното Гран при во Формула 1.

Холанѓанецот трката на „Ред Бул ринг“ ја заврши на 5.место, откако во финишот имаше судар со Ландо Норис од Мекларен.

- Мислам дека имавме прилично добар прв дел, а потоа на крајот влегов во мал судир. Во принцип, денес направивме многу грешки – почнувајќи од стратегијата. Пит-стопите беа едноставно страшни. Првиот беше многу лош, вториот беше уште полош, а потоа му давате време на противникот - изгубивме шест секунди на тие две застанувања. Се разбира, тоа е трка. Затоа сме на оваа позиција. За жал... заврши со несреќа што се случи меѓу мене и Ландо Норис. Никогаш не го сакаш тоа. Денеска направивме грешки секаде каде што можевме, изјави Верстапен.

Со 237 бодови, Верстапен е лидер во поредокот за возачи. Втор е Норис со 156 трет Шарл Леклер до Ферари со 150 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан