• четврток, 03 октомври 2024

Вернер и Хаверц со победа дебитираа во дресот на Челзи

Вернер и Хаверц со победа дебитираа во дресот на Челзи
Брајтон, 15 септември 2020 (МИА) – Германските интернационалци Тимо Вернер и Каи Хаверц имаа успешно деби за премиерлигашот Челзи. „Сините“ од Лондон синоќа забележаа победа на гостувањето кај Брајтон со 3:1. Стрелци на головите за Челзи беа Жоржињо од пенал, Рис Џејмс, Курт Зума, за Брајтон погодокот го постигна Леандро Тросард. Ова беше дуел од првото коло во новата сезона од Англиското фудбалско првенство. Во следното коло, Челси ќе се сретне со Ливерпул на 20 септември, Брајтон истиот ден ќе игра против Њукасл. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан