• вторник, 24 декември 2024

Верешчук: Петнаесет автобуси за евакуација тргнаа од Запорожје кон Мариупол

Верешчук: Петнаесет автобуси за евакуација тргнаа од Запорожје кон Мариупол
Киев, 4 април 2022 (МИА) - Хуманитарен коридор од опколениот југоисточен украински град Мариупол, денеска ќе биде во функција и покрај доцнењата и тешкотиите да се задржи рутата отворена за евакуација. - Рутата ќе биде за приватен превоз. Петнаесет автобуси за евакуација веќе заминаа од Запорожје за Мариупол, изјави Ирина Верешчук, украинската вицепремиерка и министерка за реинтеграција на привремено окупирани територии. Таа додаде дека ќе се продолжи и со евакуацијата на луѓето од Северодонецк, Попасна, Лисичанск, Рубижне и селото Нижни во регионот на Луганск, мислејќи на заедниците на истокот на Украина, кои беа под интензивни борби и под силно гранатирање. бд/зш/

Остани поврзан