• недела, 22 декември 2024

Вердер ја напушти Бундеслигата за прв пат од 1980 година

Вердер ја напушти Бундеслигата за прв пат од 1980 година
Бремен, 22 мај 2021 (МИА) – Екипата на Вердер попладнево на домашен терен загуби од Борусија Менхенгладбах со 4:2 во последното коло од Бундеслигата и сезоната ја заврши на претпоследното, 17. место. Клубот од Бремен ја напушти Бундеслигата по втор пат во историјата. За прв пат на клубот ова му се случи на крајот на сезоната 1979/80. Тогаш исто така заврши на 17. место. Во сезоната 1980/81, Вердер Бремен беше најдобар во Втората лига и се врати во елитното германско натпреварување. зс/

Остани поврзан