• вторник, 24 декември 2024

Верати ќе ги пропушти натпреварите на Италија во Лигата на нации поради повреда

Верати ќе ги пропушти натпреварите на Италија во Лигата на нации поради повреда
Рим, 19 септември 2022 (МИА) - Марко Верати поради повреда ќе ги пропушти претстојните натпревари на Италија во Лигата на нации. ПСЖ на Твитер објави дека на играчот од средниот ред му била дијагностицирана модринка и длабок хематом на левиот мускул на потколеницата. Тој се повреди на натпреварот против Лион (1:0). Поради повредата, Верати ќе се опоравува на локацијата на клубот и нема да оди во репрезентацијата. Времето потребно за неговото закрепнувањецќе биде објавено подоцна. Парискиот клуб подоцна во текот на денот го избриша твитот, но италијанскиот селектор Роберто Манчини потврди дека Верати нема да може да игра против Англија и Унгарија. -Верати нема да може да игра. Тој се повреди и не може ни да оди. Веројатно ќе го повикаме Фратеси. Околу Тонали мислам дека не е сериозен проблем, состојбата на Пелегрини ќе биде проценета денеска или утре, а Политано, ми се чини, е сосема здрав, изјави Манчини. Италија ќе игра против Англија на 23 септември, а со Унгарија на 26 септември. зс/

Остани поврзан