• сабота, 31 август 2024

Веран: Париз гледа „разумни сомнежи“ за авионската несреќа во која загина Пригожин

Веран: Париз гледа „разумни сомнежи“ за авионската несреќа во која загина Пригожин

Париз, 24 август 2023 (МИА) - Француските власти денеска соопштија дека постојат „разумни сомнежи“ за причината за авионската несреќа во која се претпоставува дека загинал Евгениј Пригожин, шефот на руската паравоена група „Вагнер“.

-Се уште не ги знаеме околностите на таа несреќа, имаме некои разумни сомневања, изјави владиниот портпарол Оливие Веран.

Пригожин, додаде тој, беше „човекот што ја вршеше валканата работа на Путин.

-Она што тој го направи е неразделно од политиката на Путин, кој му даде одговорност да врши злоупотреби како шеф на Вагнер. Пригожин остава зад себе масовни гробници. Тој зад себе остава неред низ голем дел од светот, мислам на Африка, Украина и самата Русија, рече Веран. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан