• вторник, 14 април 2026

Венс изјави дека е тажен поради изборниот пораз на Орбан, но САД се подготвени да соработуваат со неговиот наследник

Венс изјави дека е тажен поради изборниот пораз на Орбан, но САД се подготвени да соработуваат со неговиот наследник

Вашингтон, 14 април 2026 (МИА) - Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека е тажен поради поразот на унгарскиот премиер Виктор Орбан на изборите притоа нагласувајќи дека САД се подготвени да соработуваат со неговиот наследник, конзервативецот Петер Маѓар.

- Ме растажува што изгуби, но сигурен сум дека ќе соработуваме многу добро со следниот унгарски премиер - рече Венс во интервју за „Фокс њуз“.

- Многу добро знаевме дека постои голема веројатност Виктор да изгуби на овие избори - додаде тој неколку дена откога лично ја посети Будимпешта за да ја изрази поддршката на САД за Орбан.

Ватикан треба „да се држи до моралните прашања“, додаде Венс по изјавата на папата Лав XIV дека не се „плаши“ од владата на САД.

- Да, мислам дека во некои случаи би било подобро Ватикан да се држи до моралните прашања и да му препушти на американскиот претседател да ја одредува американската политика - рече Венс во интервјуто. јт/мс/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан