• среда, 25 декември 2024

Венсан Касел и Тина Кунаки се разделуваат по пет години брак

Венсан Касел и Тина Кунаки се разделуваат по пет години брак

Париз, 7 април 2023 (МИА) - Францускиот глумец Венсан Касел и фотомоделот Тина Кунаки се разделуваат по пет години брак. И изминативе неколку месеци се ширеа гласини за нивен развод.

„Тие раскинаа пред неколку недели. На Тина ѝ е скршено срцето“, потврдил неименуван извор за „Дејли мејл“.

Касел и Кунаки се венчаа 2018 година, две години откако јавноста дозна за нивната врска. Таа е успешен фотомодел и е 30 години помлада од глумецот. Имала и епизодна улога во ТВ-серијата „Доверба“ (Trust) од 2018 година. Последните наводи говорат дека Касел ги избришал сите фотографии од сопругата на својот Инстаграм-профил, како и многубројните текстуални објави посветени нејзе.

Инаку, Венсан Касел беше во брак со познатата глумица Моника Белучи, со која се разведоа 2013 година.  си/

Фото: ИМДБ.

Остани поврзан