• сабота, 23 ноември 2024

Венди Шерман ќе ја предводи делегацијата на САД на преговорите со Русија за нуклеарното оружје  

Венди Шерман ќе ја предводи делегацијата на САД на преговорите со Русија за нуклеарното оружје  

Вашингтон, 23 јули 2021 (МИА) Венди Шерман, заменичка на државниот секретар на САД, ќе ја предводи американската делегација на новата рунда руско-американски преговори преговори за стратешката стабилност и неширење на нуклеарното оружје што треба да се оддржат на 28 јули во Женева.  

Ова се вели во денешното соопштение на Стејт департментит.   

Оттаму укажаа дека во состав на делегацијата ќе биде и Бони Џенкинс, помошничка на државниот секретар за контрола на вооружувањето и меѓународна безбедност. 

-Целта на оваа средба е да се обидеме да ја поставиме основата за идните мерки за контрола на вооружувањето и намалување на ризиците, се вели во соопштението. 

На 16 јуни во Женева се оддржа руско-американски самит по иницијатива на Вашингтон. Претседателите на САД и Русија, Џо Бајден и Владимир Путин, разледаа во каква состојба се и какви перспективи имаат односите меѓу двете земји. Една од точките за разговор беше и проблематиката околу стратешката стабилност и контрола на нуклеарното оружје. кб/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан