Вембањама: Олимпијадата е како секој друг спортски предизвик
- Франција со НБА ѕвездата Виктор Вембањама во составот e еден од фаворитите за медали на машкиот кошаркарски турнир на Олимписките игри во Париз. Дваесет годишниот центар ќе го одигра првиот голем турнир со француската репрезентација, а тоа е токму Олимпијадата на домашен терен.

Париз, 25 јули 2024 (МИА) - Франција со НБА ѕвездата Виктор Вембањама во составот e еден од фаворитите за медали на машкиот кошаркарски турнир на Олимписките игри во Париз. Дваесет годишниот центар ќе го одигра првиот голем турнир со француската репрезентација, а тоа е токму Олимпијадата на домашен терен.
- Сè уште е сон да можам да играм на Олимпијадата. На претстојниот турнир гледам како на секој друг спортски предизвик, но уште понапорен. Ментално, емоциите се огромни. Тешко е да се сфати дека ова е навистина Олимпијада. Се разбира дека е различно од гледањето на телевизија, па се уште го чувствувам како сон“, рече Виктор Вембањама на прес-конференција.
Вели дека репрезентацијата е на вистинскиот пат поради енергијата на целата група играчи и тренери.
-Тоа е неверојатно. Одговорноста е различна бидејќи ја претставуваме Франција. Има тензија, но ништо страшно, изјави Вембањама. дс
Фото: Принтскрин