Велјановски: Секогаш кога ДУИ губи прибегнуваат кон потпалување на меѓуетничките односи и загрозување на соживотот
- Секогаш кога ДУИ губи, секогаш кога граѓаните ќе ги прочитаат нивните вистински коруптивни намери, тие прибегнуваат кон потпалување на меѓуетничките односи и загрозување на соживотот. ДУИ нема аргументи и политики, единствена политика им е деструктивноста и уништувањето на соживотот на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на пратеникот од нивните редови Александар Велјановски, што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 24 септември 2025
Секогаш кога ДУИ губи, секогаш кога граѓаните ќе ги прочитаат нивните вистински коруптивни намери, тие прибегнуваат кон потпалување на меѓуетничките односи и загрозување на соживотот. ДУИ нема аргументи и политики, единствена политика им е деструктивноста и уништувањето на соживотот на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на пратеникот од нивните редови Александар Велјановски, што МИА го пренесува интегрално.
ВМРО-ДПМНЕ најостро ја осудува срамната и опасна изјава на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, дадена при промоција на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Тетово, Бајрам Реџепи.
Бектеши, без трошка одговорност, велича оружје и отворено ја оправдува војната од 2001 година, претставувајќи ја како политички капитал. Тоа е скандал од невидени размери и директен удар врз меѓуетничките односи во државата.
Ова е класичен говор на омраза кој ја враќа Македонија во најтешките времиња. Наместо за иднината, граѓаните некој повторно сака да слушаат етнички провокации и поттикнување на поделби.
Почитувани, Македонците се столбот на Тетово. Со векови наназад тие се дел од неговата историја, култура и идентитет. Со својот труд и љубов кон овој град го изградиле и го зачувале. На овие избори како и многу пати претходно, токму Македонците со својот единствен сплотен глас и својата волја ќе одлучат кој ќе биде татко на Тетово и каква иднина ќе има овој град.
Ја повикуваме СДС јавно и веднаш да ја осуди оваа изјава и да се огради од својот коалициски партнер. Време е да се оттргнат од зависноста кон ДУИ и да покажат барем минимална одговорност. Секое молчење е соучесништво. Но, бидејќи СДС со години е навикнат да биде нем и покорен партнер на ДУИ, секој нивен денешен молк значи само едно, дека станале партнери и во омразата.
Апелираме и до сите политички партии, организации и институции, да го осудат овој чин како отворен говор на омраза. Во Македонија нема место за политичари кои својата кампања ја градат на закани, омраза и величање оружје.
Нашата обврска е да ја изградиме Македонија како силна, праведна и европска држава. Земја на мир и стабилност, а не на поделби и закани. Народот очекува јасна позиција, а ние ќе продолжиме да ја браниме Македонија од сите што сакаат да ја претворат во заложник на криминални и етнички поделби.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: ВМРО-ДПМНЕ