Велики Петок - 22 април неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
- Велики Петок, петок пред Велигден - 22 април, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во земјата.

Скопје, 19 април 2022 (МИА) - Велики Петок, петок пред Велигден - 22 април, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во земјата.
Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, неработниот ден е прогласен согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07)
Од МТСП, воедно на верниците од православна вероисповед им го честитаат празникот Велики Петок. фф/сп/