• понеделник, 23 декември 2024

Велика Британија преминува во следната фаза на олеснување на мерките

Велика Британија преминува во следната фаза на олеснување на мерките
Лондон, 5 април 2021 (МИА) - Велика Британија од 12 април ќе премине на следната фаза од својот план за ублажување на ограничувањата во борбата против коронавирусот, потврди премиерот Борис Џонсон. Британскиот премиер на прес-конференција во Даунинг стрит истакна дека Велика Британија ги опфаќа „четирите теста“ за укинување на ограничувањата. За една недела ќе бидат отворени продавници, фитнес центри, зоолошки градини, пабови со тераси, кампови, фризерски салони и други објекти. Четирите тестови на Островот вклучуваат значителен пад на нови случаи на коронавирусот; намалување на товарот на Националната здравствена служба; напредок во кампањата за имунизација и новите мутации на вирусот не ја менуваат сликата суштински. Џонсон, исто така, изјави дека од следната недела две лица (што е зголемување за едно) ќе можат да ги посетуваат роднините во домовите за стари и изнемоштени лица. Претходно, британската Влада објави дека од петок ќе обезбеди брзи тестови за коронавирус за сите граѓани во Англија. гт/

Остани поврзан