• понеделник, 16 декември 2024

Велика Британија и Саудиска Арабија се согласија дека треба да се спречи „натамошна ескалација“ на конфликтот

Велика Британија и Саудиска Арабија се согласија дека треба да се спречи „натамошна ескалација“ на конфликтот

Ријад, 19 октомври 2023 (МИА) – Британскиот премиер Риши Сунак и престолонаследникот на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман се согласија дека „загубата на невини животи во Израел и Газа во последните две недели била ужасна“.

Според соопштение од кабинетот на британскиот премиер, двајцата се согласиле да ги координираат активностите за да спречат прелевање на конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Сунак ја охрабрил Саудиска Арабија да го искористи своето влијание за да ја „поддржи стабилноста“ на Блискиот Исток.

Сунак и бин Салман „ја истакнаа потребата да се избегне каква било понатамошна ескалација“ и за координирана акција за постигнување на оваа цел.

- Премиерот и престолонаследникот се согласија за итна потреба од хуманитарен пристап до Газа за да се обезбеди неопходната вода, храна и лекови, се додава во соопштението. јт/

Фото: Даунинг стрит 10

Остани поврзан