• сабота, 21 декември 2024

Велика Британија го замрзна имотот на соработници на Роман Абрамович

Велика Британија го замрзна имотот на соработници на Роман Абрамович
Лондон, 14 април 2022 година (МИА) - Велика Британија го замрзнува имотот вреден 10 милијарди фунти (12 милијарди евра) на двајца руски олигарси кои се опишани како долгогодишни деловни соработници на рускиот милијардер и сопственик на Челзи, Роман Абрамович, соопшти денеска британското Министерство за надворешни работи. Замрзнат е имотот на директорот на фудбалскиот клуб Челзи, Јуџин Тененбаум, кој ја презеде контролата врз компанијата Еврингтон Инвестментс поврзана со Абрамович, по почетокот на руската инвазија на Украина. Другиот санкциониран Русин е Давид Давидович, чии средства се замрзнати и му е забрането патување. Британската влада соопшти дека мерките „ги намалуваат клучните извори на приход за воената машина на Путин“ поради руската инвазија на Украина. Британската влада го замрзна имотот на Абрамович во март како дел од санкциите против богатите Руси тесно поврзани со Кремљ. ссм/

Остани поврзан