• среда, 27 ноември 2024

Велигденска честитка од Јанко Бачев

Велигденска честитка од Јанко Бачев
Скопје, 2 мај 2021 Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден упати честитка до православните верници во Македонија и во странство. „Дозволете ми, во мое лично име и во името на Единстена Македонија на сите православни верници во Македонија и во странство, да ви го честитам Воскресението Христово - Велигден и да ви посакам многу радост, среќа и духовен мир. Велигден е денот што му дава значење на нашето создание, нашето постоење и нашата иднина. Велигденското празнување ни доаѓа во тешко време на здравствена криза во која врз основа на сите размислувања и информации власта нема институционален капацитет да се справи со кризата. Но, за разлика од останатиот свет, ние Македонците сме нападнати и со уште еден вирус - политичкиот кој брише се што е македонско и го уништува националниот карактер на Македонците. Здравјето и Татковината немаат цена. Христовата победа над смртта нека ни биде силна инспирација да ја победиме оваа битка со биолошкиот и со политичкиот вирус во Македонија. Преку Христос, божјата љубов кон човештвото победи над Божјиот гнев. Свесни дека таа цена е платена за секој човек, наша должност е да ја ослободиме македонската света земја која е окупирана од внатрешни странски измеќари и надворешни сили кои немаат никаква почит, човекољубие и разбирање за македонскиот народ и македонската држава. И со таква увереност, да ја возобновиме нашата татковина Република Македонија како национална држава на македонскот народ со гарантирана положба на малцинствата, почитување на религиозните посебности, а помирувањето во македонската држава да биде обнова на посветеноста кон нашата заедничка иднина. Водени од оваа верба, силно веруваме дека во блиска иднина доаѓаат промените во слободна Македонија, а наша должност како Македонци е да ги зачуваме највисоките национални, државни, традиционални и духовни вредности на Македонија и Македонците како библиски народ и света библиска земја. Нека ни е честит големиот празник и нека е за многу години - се вели во честитката на претседателот на Единствена Македонија до православните верници. Центар за комуникации на Единствена Македонија ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан