• сабота, 06 декември 2025

Велешкиот фолклорен ансамбл „Керамичар“ настапи на Меѓународниот фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“

Велешкиот фолклорен ансамбл „Керамичар“ настапи на Меѓународниот фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“

Велес, 11 септември 2025 (МИА) - Играорците на Ансамбл „Керамичар“ од Велес синоќа настапија на јубилејното 40-то издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“, кој традиционално се одржува во Истибања, Виница..

Како што информира денеска за МИА Томе Јаневски од ФА „Керамичар“ со својата изведба на кореографијата „Прилепски игри“, ансамблот го претстави богатството на македонскиот фолклор, носејќи ја публиката низ ритмите и духот на традицијата.

Тој појасни дека со впечатливи, автентични македонски носии, прецизна игра и длабока посветеност кон традицијата, играорците уште еднаш докажаа зошто се нарекуваат културни амбасадори на Велес. Нивниот настап не само што ја оживеа богатата фолклорна ризница на Македонија, туку и на присутните им понуди вистинско фолклорно доживување.

Фестивалот е во организација на Фолклорниот ансамбл „Китка“ од Истибања, а се одржува под покровителство на Општина Виница и Министерството за култура и туризам. ад/мд/

 

 

 

Остани поврзан