• среда, 27 ноември 2024

Велешкиот кајакар Кристијан Лазаров државен јуниорски првак

Велешкиот кајакар Кристијан Лазаров  државен јуниорски првак

Велес,15 септември 2024(МИА) - Во поединечна конкуренција на Државното првенство во кајак на мирни води што викендов се одржа во Струга, Кристијан Лазаров член на ККК „Арка-Борец“ од Велес го освои првото место и златен медал и пехар и  стана државен јуниорски првак во категоријата  К-1 јуниори. За МИА,  изјава дека е пресреќен за освоената титула државен јуниорски првак.

- Се чувствувам пресреќен за успехот. Секогаш кога победувам сум среќен и тоа многу ми значи како нова мотивација  успешно да продолжам понатаму на домашните и меѓународни натпревари, потенцира 18 годишниот Лазаров.

Тој  информира дека во К-2 во јуниори- двосед  тој   заедно со неговиот клупски колега Благој Гугинов го освоиле второто место и сребрен медал и пехар.

Воедно во категоријата  К-2 сениори  двосед  Кристијан Лазаров заедно со неговиот клупски колега искусниот и успешен кајакар Љубомир Спасиќ и негов тренер се пласирале на второто место  со сребрен медал и пехар.

Во Струга викендов се одржа Државното првенство на Македонија во кајак на мирни води на кој  учество земаа шест клуба од Дебар, Струга, Охрид и Велес со над 60  натпреварувачи.

 Кајак Кану Клуб  „Арка-Борец“ од Велес екипно го освои второто место и сребрени пехари  во јуниорска и сениорска категорија, Првото место во сениорска и јуниорска конкуренција го освои Кајак клубот „Дрим“, додека третото место го освои КК „Црн Дрим“ двата од Струга. ад/лв/

фото: КК Арка-Борец 

Остани поврзан