• среда, 21 август 2024

Велешка „Питијада  2024“ од 11 до 13 октомври

Велешка „Питијада  2024“ од 11 до 13 октомври

Велес, 19 август 2024 (МИА) - Фестивалот на велешка пита и вино „Питијада 2024“ ќе се одржи  од 11 до 13 октомври во Велес, информира градоначалникот на општина Велес Марко Колев.

Тој појасни дека подготовките се во тек, а повеќе детали ќе бидат објавени наскоро.

-Секој октомври сите патишта водат кон Велес на гурманска симфонија од вкусови, на највкусна велешка пита пастрмајлија и најдобри македонски вина, проследено со многу музика со  настап на познати бендови и пејачи, најви Колев. ад/мд/

 

Остани поврзан