Велешката Општа болница отвори Соба за обука на идни родители
- Бремените жени, идни мајки, заедно со своите сопрузи, идни татковци, во Велес ќе можат да се обучуваат за идното родителство во ЈЗУ Општа болница Велес, која денеска отвори Соба за обука на идни родители на Одделение за Гинекологија и Акушерство. Болницата купи душеци, пилатес топка како и макета на карлица, стручни книги со илустрации за да им го олесни процесот на едукација на идните родителство, а располага и со филмувани материјали што сликовито ќе ја помогнат едукацијата.

Велес, 19 февруари 2025 (МИА) - Бремените жени, идни мајки, заедно со своите сопрузи, идни татковци, во Велес ќе можат да се обучуваат за идното родителство во ЈЗУ Општа болница Велес, која денеска отвори Соба за обука на идни родители на Одделение за Гинекологија и Акушерство. Болницата купи душеци, пилатес топка како и макета на карлица, стручни книги со илустрации за да им го олесни процесот на едукација на идните родителство, а располага и со филмувани материјали што сликовито ќе ја помогнат едукацијата.
Како што информира д-р Силвија Богоевска, специјалист гинеколог началник на Одделението за гинекологија и акушерство, во оваа соба брачните партнери кои го очекуваат раѓањето, ќе се едуцираат за целата бременост како една животна фаза, што е особено значајна за идните мајки од кои се очекува да го надминат стравот од спонтаниот или природен процес на породување и за важноста на меѓусебната поддршка при бременост, се’ до негата на бебето.
Во Собата за обука, на четири интерактивни сесии, еднаш неделно, со помош на сестра акушерка Вида Тончова, ќе се изведуваат вежби за релаксација, ќе има и вежби на бебе кукла. Воедно, ќе се гледа и едукативен видео материјал од коишто бремените жени ќе го запознаваат своето тело во делот на промените што се случуваат во периодот на бременоста.
Воедно, на посетителите на обуката ќе им биде овозможено да комуницираат меѓусебно и да разменуваат искуства. Од ова одделение потенцираат дека целата едукација е наменета кон што поголема мотивација на партнерите и особено идните мајки да се одлучат за природното породување, наспроти изборот на породување со царски рез. Во едукацијата, велешка болница, ќе го вклучи и болничкиот психолог со едукација за постпородилната депресија.
Се што бремените жени треба да сторат е да се пријават на телефонскиот број 070 349 320 на којшто ќе можат да разговараат со сестра акушерка Вида Тончова и да закажат учество во обуката.
Од Гинеколошко акушерското одделение порачаа дека Општа болница Велес има одличен специјалистички тим којшто ќе им овозможи во родниот град во Велес идните родилките да го реализираат породувањето, наместо да се изложуваат на дополнителни финансиски трошоци за други клиники во државата.
Инаку медицинскиот тим на оваа одделение при ЈЗУ Општа болница Велес во месец јануари годинава реализираше 50 породувања на бремени жени од Велес и велешкиот попирок регион и други соседни општини.ад/бт/
Фото: МИА