Велешани вечерва ја славеа победата на македонската фудбалска репрезентација
- Велешани вечерва со колони автомобили и мотори, со свирки и македонски знамиња, вртејќи кружно по главната градска улица ја славеа големата победа на македонската фудбалска репрезентација п

Велес, 12 ноември 2020 (МИА) - Велешани вечерва со колони автомобили и мотори, со свирки и македонски знамиња, вртејќи кружно по главната градска улица ја славеа големата победа на македонската фудбалска репрезентација против Грузија и пласманот на Европското првенство.
Прославата заврши со огномети над градот од страна на навивачите на нашата фудбалска репрезентација и големиот успех.ад/дма/