Велешанец пријавен под сомнеж за криумчарење мигранти
- На регионалниот пат Старо Нагоричане - Пелинце, Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против Д.С.(27) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“,

Скопје, 1 октомври 2023 ( МИА) - Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против Д.С.(27) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
На 20 - ти минатиот месец, на регионалниот пат Старо Нагоричане - Пелинце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници извршиле контрола на товарно возило „ман’’, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека превезува 44 илегални мигранти, соопштија од МВР. љм/ев/
Фото: МИА архива