• среда, 25 декември 2024

Велешанец обвинет за повеќе тешки кражби

Велешанец обвинет за повеќе тешки кражби

Велес,14 февруари 2023 (МИА) - Oсновното јавно обвинителство Велес вчера поднесе Обвинителен предлог против едно лице за повеќе продолжени кривични дела „тешка кражба“ од член 236 од Кривичниот законик, реализирани во периодот од 11 до 16 октомври 2022.

Како што појаснуваат од ОЈО Велес, во тој период, искористувајќи слични околности и невнимание на ошетените лица, на дрзок начин, обвинетиот одзел подвижни предмети од вкупно 17 оштетени. Од продавници, обложувалници, аптеки, угостителски и други објекти тој крадел вредни предмети, пари и производи, со што за себе прибавил противправна имотна корист проценета на вкупен износ од 45.337 денари.

Надлежното обвинителство до Основниот суд во Велес достави и посебен предлог за определување мерка притвор за обвинетото лице, со цел да се обезбеди неговото присуство во текот на кривичната постапка. ад/дма/

Остани поврзан