• петок, 06 февруари 2026

Вежбовни активности на вода на белгиската армија на подрачјето на Охрид и кај селото Радожда

Вежбовни активности на вода на белгиската армија на подрачјето на Охрид и кај селото Радожда

Охрид, 6 февруари 2026 (МИА) – Специјална единица на Армијата на Кралството Белгија од утре заклучно со 20 овој месец ќе спроведува активности за обука на вода на Охридското Езеро, во подрачјето на Охрид и кај струшкото село Радожда.

Како што соопштија од Секторот за внатрешни работи -  Охрид, во рамки на вежбовните активности предвидена е употреба и користење на артифиции, воени моторни возила, дронови, пловни и други средства.

Планираната обука на специјалната единица на Армијата на Кралството Белгија на подрачјето на Охрид и Струга, е во состав на вежбата „BEL-SOF Exercise 26” што ќе биде спроведена и на други подрачја во земјава.

Во врска со предвидените вежбовни активности од полицијата се апелира до граѓаните на Охрид и Струга да ги почитуваат насоките на полициските и армиските службеници кои ќе се грижат за безбедноста на целокупното подрачје. аб/са/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан