• сабота, 23 ноември 2024

Веганите имаат двојно повеќе секс од месојадите

Веганите имаат двојно повеќе секс од месојадите
Лос Анџелес, 18 ноември 2020 (МИА) - Според истражување на страницата за познанства IllicitEncounters.com, веганите имаат двојно повеќе секс од месојадите, а имаат и повеќе сексуални фантазии. Дури 84 отсто од веганите се задоволни со својот сексуален живот. А пак, само 59 проценти од месојадите можат да го кажат истото. Речиси 57 отсто од веганите имаат секс четирипати неделно, двојно повеќе од месојадите, кои водат љубов само двапати во седум дена. И не само што речиси сите вегани го оценуваат својот сексуален живот како одличен, туку 58 отсто од нив велат и дека секогаш имаат енергија за секс. Според истражувањето, веганите важат за авантуристи во сексот. Две третини од овие луѓе се подготвени да експериментираат во кревет, додека повеќе од половина месојади признаваат дека не се осмелуваат да ги реализираат своите фантазии. Исто така, месојадите се помалку себични во сексот. Само 35 отсто од нив велат дека повеќе би сакале да уживаат отколку тие да го пружаат задоволството, во споредба со 58 отсто од веганите. си/

Остани поврзан